МЕДЕНИ ВАНИЛИЦИ ВО ОБЛИК НА СРЦЕ: Слатки и вкусни, сите ќе ве прашаат за рецептот

Ванилиците се вкусни, старомодни колачи совршени за празнична трпеза. Можат да се направат со различни состојки. Ви пренесуваме рецепт за неодоливи колачи од ванила во форма на срциња, кои ќе ја разубават трпезата и ќе ги воодушеват гостите.

Неопходно е

500 гр брашно
250 гр путер
6 лажици шеќер
2 жолчки
1 јајце
сок и кора од еден лимон
џем по ваш избор
шеќер во прав
Подготовка

Путерот, жолчките, шеќерот, јајцето, сокот и кората од лимон изматете ги со вилушка. Во смесата постепено додавајте брашно и замесете тесто. Расукајте го тестото со сукало, па со помош на калап исечете ги срцата. Се ставаат во плех обложен со хартија за печење. Печете околу 20 минути на 200 степени. Кога деловите од (срцето) ќе се изладат, ставете им џем, по два, па превртете ги во шеќер во прав. Добар апетит!