Мексиканско топло чоколадо по рецепт на познатиот готвач е сонот од соништата: Идеално за ладни и дождливи денови
Ина Гартен е автор на десет успешни книги за готвење, а од 2002 година водител на готварската емисија „Босонога Контеса“ на Food Network. Веруваме дека во својата богата кариера пробала многу рецепти за топло чоколадо, но сепак омилен и е оној со темно чоколадо и кајен пипер. А еве како се подготвува.
Состојките во оваа мерка за топло чоколадо се за две лица, а подготовката трае само 5 минути, па затоа ви предлагаме да се развеселите и загреете со шолја топло чоколадо на Ина.
Потребно ви е:
– 500 мл млеко
– 1 лажица кафеав шеќер
– 150 гр темно чоколадо
– ½ лажичка екстракт од ванила
– прстофат цимет во прав
– прстофат зачин од суви пипетки
– 2 стапчиња цимет
Подготовка:
Загрејте ги млекото и шеќерот на тивок оган. Потоа тргнете го од оган и додадете ги чоколадните парчиња, ванилата, циметот и пипер во прав. Почекајте две минути, промешајте, па вратете го на оган и почекајте да зоврие. Веднаш штом ќе зоврие тргнете го од оган, истурете во чаши и послужете со стапчиња цимет.