Мелоун: Најлош „Ол-стар“ натпревар во историјата

– Тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, изјави оти е разочаран од квалитетот на НБА „Ол-стар“ натпреварот одигран синоќа во Солт Лејк Сити.

Мелоун седеше на клупата на тимот предводен од Леброн Џејмс, кој претрпе поразот од Тимот на Јанис Адетокунбо со 184-175.

„Чест ми е да бидам тука и да ги предводам овие прекрасни играчи, но ова беше најлошиот кошаркарски натпревар одигран кога и да е“, изјави Мелоун.

Тој истакна дека неколку кошаркари се „обиделе“ да играат вистинска кошарка, но оти немале поддршка од соиграчите.

„Приредија шоу за навивачите, но нема да лажам, ми беше тешко да го издржам крајот на натпреварот. Не знам на кој начин, но нешто мора да се промени. Би ги издвоил Џоел Ембид и Кајри Ирвинг кои нешто се обидуваа, се бореа и се обидуваа да играат одбрана“, додаде тренерот на Денвер.