Мемоарите на Бритни Спирс станаа предмет на потсмев во популарното американско шоу: Фановите реагираа
Поп иконата Бритни Спирс неодамна објави мемоари наречени „The Woman In Me“ во кои откри само неколку детали од својот бурен живот, но доволно за да направи вистинска возбуда.
Популарното шоу „SNL“ или „Saturday Night Live“, кое вообичаено прави пародии на различни социјални ситуации, реши да го стори истото со мемоарите на пејачката, но реакциите на тоа не беа позитивни.
Тие направија скеч во кој имитираат различни познати личности кои наводно биле на кастингот за да ја прочитаат книгата на пејачката за аудио изданието. Тие на тој начин карикатурирале разни јавни личности, кои наводно исмевале делови од книгата, кои не и се допаднале на публиката.
Обожавателите на Бритни Спирс се децидни во својот став на социјалните мрежи дека пејачката открила многу трауматични ситуации од својот живот кои не треба да бидат предмет на потсмев.
Пејачката се уште не објавила ништо за ова.
SNL make parody skit about Britney Spears’ memoir.
— Pop Base (@PopBase) November 12, 2023
pic.twitter.com/j6bpgcrSny