Мерил Стрип се разведува по 45 години брак, парот живее одвоено веќе шест години

Актерката Мерил Стрип се разделува од сопругот Дон Гамер по 45 години брак.

Според странските медиуми, тие биле разделени повеќе од шест години, но оваа информација ја чувале во тајност. Веста за нивниот развод ја потврди и медиумскиот претставник на Стрип.

„Дон Гамер и Мерил Стрип се разделени повеќе од 6 години. И додека тие секогаш ќе се грижат еден за друг, тие избраа одвоени животи“, изјави тој.

Парот беше претставен од нејзиниот брат Хари во 1978 година, а последен пат парот беше виден заедно во 2018 година кога заедно излегоа на Оскарите.

Инаку, Стрип и Гамер имаат четири деца: синот Хенри Волф и три ќерки, Меми Гамер, Грејс Гамер и Луиза Џејкобсон. Покрај тоа, тие имаат и пет внуци.

Покрај нивниот имот во Конектикат, парот делеше и пространа мансарда Tribeca во Њујорк додека не ја продадоа за 15,8 милиони долари во јануари 2020 година. Потоа, во јули 2020 година, Стрип купи куќа вредна четири милиони долари во Пасадена, Калифорнија.