Месечината станува помала!

Месечината се намалува и тоа би можело да биде опасно за идните мисии на Месечината, според новата студија на истражувачите од Универзитетот во Мериленд. Обемот на придружникот на Земјата е намален за околу 50 метри во последните неколку стотици милиони години.

Тоа намалување е толку мало што не може да има никакво влијание врз нас на Земјата, рече Николас Шмер, коавтор на истражувањето и професор по геологија на Универзитетот во Мериленд, за USA Today.

– За среќа, како што се намалува, масата на Месечината не се менува, па тоа нема да влијае на никаков начин на циклусите на плимата и осеката. Исто така, дијаметарот на промената е толку мал што нема да има значително влијание врз појавата и процесите на месечината – рече тој.Аполо 17

Сепак, она што ги загрижува научниците за ова намалување се земјотресите на површината на Месечината, кои можат да бидат опасни за сите идни астронаути кои би се обиделе да слетаат на Месечината или да живеат на неа. И во моментов има планови за американска, кинеска и индиска лунарна мисија со екипаж.

Студијата покажа дека јадрото на Месечината полека се лади, што создава пукнатини на површината на Месечината додека овој сателит се собира.

– На Месечината има голема активност. Ова е нешто за што треба да се размислува кога се планираат мисии, особено оние долготрајните – изјави Том Вотерс од Смитсонијан и водач на студијата.

Студијата конкретно го испита лунарниот јужен пол, можно место за слетување за идните мисии на НАСА Артемис.

– Благодарение на сеизмичките податоци на мисијата Аполо, знаеме дека најсилните земјотреси на Месечината се случуваат токму на јужниот пол. Поради ова таму се можни одрони, а не треба да се исклучуваат слични опасности – рече тој.

Инаку, индиската сонда Викрам, дел од мисијата Чандрајан-3, која слета во областа на лунарниот јужен пол во август, го забележа првиот земјотрес на Месечината по повеќе од 45 години, откако САД и СССР ги суспендираше мисии на Месечината.

Последното летало кое успешно слета на Месечината беше јапонската сонда SLIM на 19 декември, по што поради проблеми со соларните панели беше исклучена околу осум дена, но повторно почна да работи.