МЕСИ ДРЖИ ПОЛОВИНА ОД МАЈАМИ: Ова се имотите на познатиот фудбалер! ГОЛЕМО БОГАТСТВО! Еден стан има лифт за автомобили

Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, во наредниот период ќе го носи дресот на Интер од Мајами.

И додека многумина беа шокирани кога тој го напушти Пари Сен Жермен „преку барата“, за добрите познавачи на ситуацијата овој потег им звучи сосема логично.

Бидејќи Меси има неколку имоти во Мајами кои вредат вистинско богатство

На само едно место покрај морскиот брег, познато е дека Аргентинецот има четири имоти. И ги купил сите четири само за изнајмување. Еден од нив има лифт за автомобил, со кој љубителот на четирите тркала може да се качи на спратот каде што живее.

Еден од имотите е стан од 440 метри квадратни во „Порше Дизајн Тауер“. Меси го поседува и целиот деветти кат на кулата Регалија на авенијата Колинс, додека поседува два луксузни апартмани во блискиот Трамп Ројал. Сите четири имоти се на неколку минути пешачење еден од друг.

Меси купил стан во кулата „Порше дизајн“ во 2019 година за 9 милиони долари. Најголемата атракција на оваа кула е Deservator, уникатен лифт кој ве носи вас и вашиот автомобил директно дома. Зградата има кат со приватни кина, терен за голф и тркачка патека. Да не зборуваме дека зградата 24 часа ја чува обезбедувањето, а базените, теретаните и бањите станаа класични погодности. Се проценува дека во оваа зграда живеат околу 20 милијардери.

Меси платил нешто помалку за стан во кулата „Регалија“. Станот е всушност цел деветти кат и има 550 квадрати. Станот има четири спални соби, неколку бањи од италијански мермер и фино дрво. Во станот има ладилник за вино кој може да собере до илјада шишиња. Жителите на зградата имаат на располагање шест базени, спа центри, фитнес центри, јога студио, детска игротека, кујна, готвачи, шампањ бар… Минималната месечна кирија за стан во зградата е околу 35.000 евра.

Еден стан во „Трамп Ројал“ го чинел Меси околу 700.000 евра, но малку се знае за тоа и уште еден стан во сопственост на Меси. Се знае само дека едниот стан е на 40, а другиот на 43 кат.