ИНТЕР МАЈАМИ и Лео Меси (36) не успеаја да победат во плеј-офот од американската МЛС лига. Викендов го имаат последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната против Шарлот и можно е Меси доколку игра да биде последниот официјален клупски натпревар годинава.
Кога стана јасно дека сезоната на Интер Мајами може да заврши веќе во октомври, во европските медиуми се појавија шпекулации дека Меси би можел зимската пауза, односно периодот помеѓу двете МЛС сезони да ја помине на позајмица во Барселона, за правилно да каже збогум на клубот чија историја неизбришливо ја одбележа.
Тој сака да игра Копа следната година
Сепак, самиот Меси стави крај на тие шпекулации во разговорот со новинарите по победата на Аргентина против Перу, во која ги постигна двата гола на својата репрезентација и со тоа го задржа актуелниот светски првак на врвот во квалификациите за СП 2026 на КОНМЕБОЛ.
Запрашан за опцијата за враќање во Европа, Меси кратко и јасно рече: „Не“. Така, неговата европска кариера најверојатно дефинитивно заврши. Неодамна Меси изјави дека не е сигурен за сопствениот настап на следното Светско првенство, но дека би сакал да и помогне на Аргентина да ја одбрани титулата на Копа Америка следната година.