РЕЏЕП ТАИП ЕРДОГАН ГИ ЗАГУБИ НЕРВИТЕ – ‘Султанот’ бесно реагираше за нападот на болницата во Појасот Газа: “Го повикувам човештвото да ја запре бруталноста!“

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, претходниот ден доцна во ноќта повика на акција за да се запре „бруталноста“ на Израел во Појасот Газа.

Напад на болница во која се наоѓаат жени, деца и невини цивили е најновиот пример на израелски напади лишени од најосновните човечки вредности. Го повикувам целото човештво да преземе акција за да се запре оваа невидена бруталност во Појасот Газа“, напиша Реџеп Таип Ердоган во објава на социјалната мрежа Х (Твитер).

Претходно, претставник на Министерството за здравство на Појасот Газа изјави дека нападот врз баптистичката болница „Ал-Ахли“ во Појасот Газа го извршил Израел, во кој загинаа повеќе од 500 луѓе. 

Палестинскиот претседател Махмуд Абас прогласи тридневна жалост за жртвите. 

Израелскиот телевизиски канал i24 објави дека првичната истрага на израелската Армија покажала дека експлозијата во болница во Појасот Газа била предизвикана од неуспешно лансирање ракета на Хамас

Израелската Армија подоцна ја обвини групата Исламски Џихад за трагедијата.