Меси по осми пат ја освои Златната топка!

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ја освои „Златната топка“ за најдобар играч на планетата за сезоната 2022/2023.

На свеченоста во Париз, „Франс Фудбал“ по 67. пат во историјата ја додели престижната награда, а по осми пат токму на Меси.

Меси, рекордерот по број на награди, триумфираше и во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019 и 2021 година.

Одличниот фудбалер минатото лето дојде во Интер од Мајами, во кој пристигна од Пари Сен Жермен.

Впрочем, тој ја обезбеди „Златната топка“ со освојувањето на Светското првенство со аргентинската репрезентација во Катар минатата година.

Минатата година, кога Карим Бензема ја освои наградата, Меси не беше номиниран за прв пат по 2005 година, но оваа година триумфално се врати.

Зад Меси завршија Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе, Кевин де Бруин, Родри, Винисиус, Јулијан Алварез, Виктор Осимен, Бернардо Силва, Лука Модриќ.

Инаку, кога Меси пристигна на церемонијата, имаше краток разговор со Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот .