Меси претставен пред 20.000 навивачи по големо невреме (ВИДЕО/ФОТО)

Американскиот фудбалски клуб Интер од Мајами пред 20.000 накиснати, но еуфорични навивачи, го претстави своето најголемо засилување, седумкратниот освојувач на Златната топка, Аргентинецот Лионел Меси.

Ниту дождот, ниту грмотевиците не го спречија илјадниците навивачи да се соберат на стадионот во Мајами за да го пречекаат аргентинската ѕвезда, чија официјална промоција доцнеше околу еден час поради лошите временски услови.

„Навистина сум среќен што заедно со моето семејство одлучив да дојдам во овој град и што го избрав овој проект, и не сомневам дека добро ќе се забавуваме и дека ќе се случат многу убави работи“, изјави на промоцијата Меси.

Аргентинецот треба да дебитира во дресот на Интер на 21 овој месец против мексиканскиот Круз Азул.

„со нетрпение ги очекувам натпреварите. Ја чувствувам истата желба, која секогаш сум ја имал за натпреварување, да победувам со Мајами и да му помогнам да продолжи да расте“, додаде 36-годишниот Меси, кој се пресели во САД од редовите на францускиот првак ПСЖ.