Меси сака во Саудиска Арабија, но заедно со Алба и Бускетс

Лионел Меси е подготвен да ја прифати богатата понуда од наводни 400 милиони евра од Саудиска Арабија за да ја заврши кариерата во Ал-Хилал, но би сакал клубот да му ги донесе неговите поранешни соиграчи Жорди Алба и Серхио Бускетс, тврди каталонскиот „Спорт“.

Се верува дека Серхио Бускетс исто така има понуда за преселба во Саудиска Арабија, додека Барселона исто така би сакале да се „ослободат“ од високата плата на Алба за следната сезона. Бускетс и Алба се „свесни“ за планот на Лео Меси и веднаш би се согласиле бидејќи во богатата арапска земја би добиле трикратно повисока плата.

„Спорт“ вели дека засега ништо не е договорено, но дека Меси е многу поблиску до преселба во Саудиска Арабија отколку до враќање во Каталонија.