Меси ќе дебитира за Интер Мајами на 21 јули, билетите на црниот пазар чинат и до 6.000 долари

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси неодамна стана играч на американски Интер Мајами, а сега е познато и кога ќе дебитира.

Меси за својот нов клуб за прв пат ќе игра на 21 јули, кога Интер Мајами ќе се соочи со мексиканскиот Круз Азул. Тоа ќе биде дуел од Лига купот, ново натпреварување во кое екипи од американската МЛС лига играат против екипи од мексиканската Лига МХ.

Влезниците за овој меч се веќе распродадени, а буквално „исчезнаа“ откако и официјално беше објавено дека Лео кариерата ќе ја продолжи во Интер од Мајами. Можно е да се купат и на црниот пазар, но чинат меѓу 1.319 и 6.000 долари.