Сопственикот на компанијата „Мета“, Марк Закерберг најави дека корисниците на Фејсбук и Инстаграм ќе можат со претплата да ги верификуваат своите профили на овие платформи.
Со функција наречена „Meta Verified“, корисниците ќе може, покрај тн. „син беџ“, да добијат и дополнителна заштита од лажно претставување, како и директен пристап до поддршката за корисници. Услугата ќе чини 11,99 долари односно – 14,99 долари месечно за уредите на „Епл“ и „Андроид“.
Опцијата за оваа претплата ќе биде пуштена во Австралија и Нов Зеланд првпат оваа недела.
Компанијата „Мета“, како што пренесуваат западни медиуми, била незадоволна од фактот што од „Епл“ ја смениле својата политика за приватност во 2021 година, коешто го оневозможувало следењето на активностите на корисниците на „Ајфон“ од трети страни. Со тоа, „Мета“ е лишена од изворите на податоци што ги користи за своите реклами за одредени целни групи.
„Мета“ во февруари лани објави дека промените што ги воведе „Епл“ ќе ја чинат првава компанија повеќе од 10 милијарди долари. Како и многу големи технолошки компании, „Мета неодамна“ објави дека отпушта 11.000 вработени лица.