Меѓународниот балкански универзитет активен во собирањето помош за настраданите во Туркије

Со активностите иницирани во рамките на Меѓународниот балкански универзитет, расте поддршката со донираната помош од Скопје, која треба да се достави до подрачјата разорени од земјотресите во Туркије

Со активностите иницирани во рамките на Меѓународниот балкански универзитет, расте поддршката со донираната помош од Скопје, која треба да се достави до подрачјата разорени од земјотресите во Туркије, известува Анадолу.

Според соопштението што го објави ИБУ, по повикот за помош што го упати проф. д-р Мехмет Дурсун Ердем, ректор на Меѓународниот балкански универзитет, за мобилизација на турските студенти кои студираат на Универзитетот, како лавина расте поддршката на луѓето што живеат во Северна Македонија.

Уште од првиот ден производите потребни за итни случаи се подготвуваат, се пакуваат, се етикетираат и се испраќаат директно во регионите на катастрофата, подготвени веднаш да се користат.

Ректорот Ердем во соопштението на ИБУ вели: „Прво што направивме е да ја дознаеме состојбата на нашите студенти и нивните семејства кои живеат во зоната зафатена од земјотресот. Дознавме дека имаме загинати и веднаш се потрудивме да ја завршиме потребната работа со колегите во Туркије. Подоцна, направивме брза промена во нашиот академски календар, овозможувајќи им на нашите студенти во овој период во втор план да го стават својот стрес од Универзитетот и наставата.“

  • „Прогласивме мобилизација, упативме повик за помош“

    „Сите, од 7 до 70 години во Северна Македонија се трудат да дадат сѐ од себе за настраданите во подрачјата зафатени од катастрофалните земјотреси. Почнавме со поставување на нашите штандови за помош на 10 различни места, особено на Градскиот плоштад во Скопје и ќе продолжиме сѐ додека можеме. Поддршка добивме од речиси сите делови на Македонија, од Тетово до Охрид, од Битола до Гостивар.“

На крајот ректорот им изрази сочувство на семејствата на загинатите, а на повредите им посака што поскоро заздравување.