МЕЃУНАРОДНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ИЗГУБИЈА СЕКАКОВ КОНТАКТ СО ПОЈАСОТ ГАЗА – Палестинците под целосна блокада и изолирани од светот

Речиси сите канали за комуникација со луѓето во Појасот Газа се прекинати.

Дописникот на BBC од Блискиот Исток, Том Бејтман, известува дека жителите на Појасот Газа не можат да остварат контакт со надворешниот свет.

Во објава на социјалната мрежа Х (Твитер) тој напиша дека испратил порака до некого во опколената енклава, но дека таа не била доставена до изутрина.

СЗО објави дека Палестинците не можат да контактираат со службите за итни случаи откако израелското бомбардирање ги оневозможи интернет и телефонските врски.

Појасот Газа моментално е под блокада“, јавува PalTel, најголемиот давател на телекомуникациски услуги во Појасот Газа.

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, кажа дека организацијата изгубила контакт со својот персонал и здравствените установи.

Друштвото на Црвената полумесечина исто така изгуби контакт со својот персонал во Појасот ГазаДоктори без граници тврдат дека не можеле да стапат во контакт со својот палестински персонал и изразија загриженост за пациентите, медицинскиот персонал и илјадниците семејства кои се засолниле во болницата „Ал Шифа“ и другите здравствени установи.