Меџити: Кога ќе нè исклучат, тогаш ќе одлучиме дали ќе си одиме или ќе се бориме до крај

 Кога ќе нè исклучат од партија, тогаш ќе одлучиме дали ќе си одиме дома или ќе се бориме до крај, политички, изјави потпретседателот на ДУИ и предводник на “огнените” Изет Меџити.

Прашан дали е можно да формираат нова партија, Меџити во гостувањето во емисијата 24 анализа, рече дека заложбата на „огнената група” е да го врати ДУИ на правиот пат.

-Претседателот да се врати, да не фати страна и да биде претседател како што беше изминатите години и да не не остави нас да се тепаме, рече Меџити.

Прашан, што е можен компромис, Меџити посочи дека кога има волја, има 100 начини за компромис. 

-Влезот на Алијанса за Албанците во Владата за една година е само за инает и да се заќути „огнената група“. Тоа само повеќе ќе и наштети на ДУИ отколку на нас, изјави Меџити. 

Меџити, посочи дека тие не се против Ахмети, туку против неговата одлука Артан Груби да биде прв вицепремиер. Порача дека комуникација со Ахмети има, но дека не се разбираат, како и дека последните митинзи на ДУИ се знак дека не е на добар пат.