Меџити: Нема да дозволам нехуман третман на пациентите, будно ќе ја следам работата во Демир Хисари

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска се сретна со Салка Абдуловкса, мајка на 17-годишното момче кое наводно било несоодветно третирано во Демир Хисар.

Министерот Мексити лично се запозна со случајот и како Министерството може да помогне да се олесни секојдневното згрижување на момчето.

На средбата Меџити изрази жалење за настанатата состојба и министерот истакна дека никогаш нема да дозволи несоодветен третман на пациентите, особено на малолетните.

„Иако добив уверување од раководството на болницата дека се почитувани сите протоколи за безбедност на пациентите, случајот и работењето на болницата Демир Хисар ќе бидат под строг надзор на Министерството. Ги охрабрувам другите институции кои ја започнаа постапката да ја завршат за да се разјасни прашањето до крај. Родителите на момчето ја имаат нашата поддршка. Разговаравме за нивните проблеми и ветивме дека ќе се заложиме да му помогнеме на ова семејство, ќе се потрудиме синот да го сместиме во интернатот од училиштето за деца со посебни потреби „Партениј Зографски“ во Скопје, каде што оди на училиште. “, истакна на средбата министерот за здравство.

Мајката на 17-годишното момче на средбата изјавила дека семејството дополнително го вознемирило објавувањето на лажни фотографии во јавноста, за кои лажно се тврди дека се нејзино дете, на кои се гледа како момче седи на земја врзано за кревет.

Министерот за здравство апелира до целото јавно мислење да внимаваат во ширењето на ваквите деликатни вести.