Случајот на Онкологија во Скопје, Клисаровска: Поради скандалот критикуван целиот персонал

Директорката на Клиниката за онкологија, Виолета Клисаровска, вели дека целиот персонал е постојано критикуван од пациентите поради скршената доверба, притоа додавајќи дека како вработени на Клиниката имаат поголема потреба од расветлување на скандалот и бараат кога ќе се преземе одговорноста се определува, треба да се објави со име и презиме.

Клисаровска рече и дека во истрагата за скандалот со кражбата и препродажбата на цитостатици целосно соработуваат со органите на прогонот. Таа додава дека безбедноста на лековите е подигната на највисоко ниво и дека повеќе нема манипулации со лекови и има само проблеми со нивниот недостиг. Онкологија моментално има над 70.000 активни пациенти.

„Ние имаме најголема потреба да го расветлиме тој случај, така што како раководство на Клиниката, тоа значи на институционално ниво, отворени сме за соработка, верувам дека тоа може да го потврди и Обвинителството со сите потребни податоци и информации. така што ние сме отворени и соработуваме.

И бараме во најбрз можен рок да се расчисти случајот и доколку се докаже вината да биде по име и презиме, да нема идентификација на сите лекари и сите медицински сестри со виновниците за овој случај. “ изјави Виолета. Клисаровска, директор на Клиниката за онкологија.