Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата е нов спонзор на македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром.
Извршниот директор на МЗТ Скопје, Филип Ѓорески изрази благодарност до раководството на МТЕЛ за поддршката.
– Самиот спонзорски договор со компанија како МТЕЛ, е доказ дека сме на вистинскиот пати дека МЗТ Скопје е препознатлив бренд не само во Македонија, туку и пошироко во регионот. За нас ова е голема чест и задоволство, при тоа и одговорност да ја оправдаме довербата. Помошта ќе ни биде добредојдена за остварување на нашите амбиции, атак на врвот и во домашните натпреварувања и во Јадранската лига, рече Ѓорески.
Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, изрази задоволство од практикувањето да се даде поддршка на спортот од страна на неговата компанија и нејзината фирма ќерка МТЕЛ.
– Новиот договор со уште еден македонски клуб е доказ за стратешкта посветеност на нашата компанија на овој пазар, посочи Лучиќ.
Свое обраќање на прес-конференцијата имаше и градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцнски.
– Инвестирањето и поддршката на МЗТ Скопје, значи и генерално поддршка за спортот на локално ниво, за градење на нови спортски спомени и сеќавања, за вредностите кои МЗТ ги споделува и генерално инвестиција за цел Аеродром.
Договорот за спонзорство е потпишан на една година со што МТЕЛ станува ексклузивен телекомуникациски партнер на клубот за сезоната 2023/24