– Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ја реализираше исплатата за секторите живинарство и свињарство, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
-Кон 36 земјоделски стопанства, кои одгледале или продале/заклале амортизирани несилки во период од 1 октомври 2022 година, до 30 септември 2023 година исплатена е финансиска поддршка од 82 милиони денари. Кај оваа мерка висината на финансиската поддршка, по несилка изнесува 120 денари, соопшти МЗШВ.
Вкупно седум милиони денари, се вели во соопштението, се исплатени кај мерката за женски приплодни грла маторици.
-Финансиската поддршка е исплатена кон 256 земјоделски стопанства, кои одгледуваат минимум пет маторици што ги чувале до 30.11.2023 година. Кај оваа мерка висината на директните плаќања, по грло маторица изнесува 1.000 денари, прецизираат од МЗШВ.