Милиет: Турските служби за безбедност спречиле голем терористички напад во Истанбул

Турските безбедносни служби спречија голем терористички напад во Истанбул, пишува весникот „Милиет“.

Според пишувањата на турските медиуми, во нападот требало да учествува и странски државјанин, кој е приведен, и кој, според досегашните информации, е главен осомничен. 

Странецот е приведен во Истанбул, во областа Бахчелиевлер.

Засега службите не ја откриваат неговата националност.

Кај осомничениот биле пронајдени два нерегистрирани пиштоли и експлозивна направа.