(ВИДЕО) Спортски потег на годината! Словенецот колабираше за време на трката, Хрватот му помогна и заврши последен

Фер-плејот е нешто што е составен дел од спортот и без кое веројатно нема да има поента да се занимаваме, па снимката од потези кои можат да се вклучат во таа категорија се нешто што го ќе израдува секој вистински љубител.

Еден таков ни доаѓа од Европските игри во Полска и трката на 5000 метри.

Хрватскиот атлетичар Дино Бошњак заслужено ги доби сите пофалби за својот потег.

Имено, Словенецот Вид Ботолин колабираше во финишот на трката, но тој не сакаше да се предаде, туку со последните атоми сили се обиде да ја заврши започнатата работа. Ова го забележал Бошњак и му помогнал на својот пријател, по што Ботолин го пречекале количка и екипа на Брза помош.

Токму ова е една од причините поради која Хрватот заврши на последното место. Инаку, победи српскиот атлетичар Елзан Бибиќ.