Најмалку шест загинати и 11 повредени во лавина во Индија

 Најмалку шест туристи, меѓу кои и едно дете, загинаа, 11 се повредени, а повеќе луѓе останаа заробени откако голема лавина денеска ја погоди североисточната индиска држава Сиким, пишува „Тајмс оф Индија“.

„Лавина ја погоди пограничната област Натула во Сиким и околу 150 луѓе останаа заробени во туристичкото место“, изјави официјален претставник.

Во тек е спасувачка акција.