Милијардерот и на стари години е истиот ,,лисец” – менува жени на стари години, се жени со нив и ги остава! Руперт Мардок повторно пред олтар (ФОТО)
Познатиот милијардер и медиумски магнат Руперт Мардок (92) ја изненади јавноста со љубовната врска со Ен Лесли Смит, која е 25 години помлада од него. Имено, папараците снимија фотографии на кои се гледа како тој ужива со својата нова девојка, а сега се појави веста дека милијардерот се верил со својата избраничка.
Се чини дека љубовта меѓу двајцата брзо се разгорела, бидејќи Руперт ѝ ставил прстен на Смит по 6 месеци врска.
,,Се плашев да се заљубам, но знаев дека ова ќе биде мојата последна љубов. Среќен сум вака”, рекол милијардерот во интервју за “Њујорк пост”.
Инаку, медиумскиот магнат е познат по љубовните врски, особено со помладите девојки, а покрај тоа што има 92 години, важи за еден од најголемите заводници.
Интересен љубовен живот и неуспешни бракови
Интересно е тоа што Руперт се развел од претходната сопруга само 5 месеци пред да започне врска со сегашната свршеница. Имено, тој официјално се разведе од сопругата Џери Хол (65) во август 2022 година.
Безвременскиот Руперт е еден од најбогатите луѓе во светот, додека Гери Хол, поранешна манекенка, е позната по бурните врски и љубовта со Мик Џегер, со кој имаше четири деца.
Тој се оженил со својата прва сопруга, поранешната стјуардеса Патриша, во 1956 година. Двојката се разделила во 1967 година, девет години по раѓањето на нивното единствено дете, ќерката Пруденс. Истата година се ожени со својата втора сопруга Ана, новинарка од Глазгов, со која беше во брак 32 години и имаше три деца. Тие се разведоа во 1999 година.
По разводот на Ана ѝ беа доделени 1,7 милијарди долари, вклучително и 10 милиони долари во готовина. Само 17 дена по разводот, Мардок се ожени со претприемачката Венди Денг, со која беше до 2014 година и со која имаше две деца. Мардок имал 68 години за време на нивниот брак, додека Венди само 30.
Медиумскиот тајкун тогаш ветил дека „со векови“ ќе се грижи за својата жена, но тоа ветување не го исполни.