Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе одлучи дали ќе учествува во техничката влада

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски рече дека неговата партија во наредните денови ќе одлучи дали ќе учествуваат во техничката влада.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува во техничката влада за да се укине власта на СДСМ и ДУИ, а министрите на оваа партија, вели Милошоски, ќе можат да ја направат владата потранспарентна.

„Ценам дека министер за внатрешните работи, труд и социјала и тројца заменици во земјоделие, финансии и министерство за информатичко општество и администрација би биле добар влог во зголемување на изборниот систем и намалување на малверзациите на СДС и ДУИ. Затоа што не е случајно што Бесими е шеф на изборен штаб на ДУИ, нему приоритет ќе му биде да создава прилики за ДУИ да го избере тоа министерство за финансии за изборни цели. ВМРО-ДПМНЕ ако учествува во техничка влада таму би имале заменик кој ќе се обиде тоа да го спречи, рече Милошоски.

Во однос на Алијансата за Албанците, тој рече дека оваа партија ја игра улогата на власта и опозицијата и дека не го отстапуваат местото во ДИК на опозицијата.