Милошоски: ДУИ нема понуди од економскиот сектор, сега гледа да ја префрли топката на опозицијата

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва во „За или против“ изјави дека ДУИ нема што да им понуди на граѓаните од економскиот сектор како да си го подобрат животот.

Тој вели дека ДУИ не може да го подобри животот на граѓаните во Тетово, Гостивар, Скопје, Куманово и сега се обидува да ја префрли топката на опозицијата.

„Тој на секој начин се обидува да најде внатрешни или надворешни актери кои можат да влијаат на одредена фрагментација во ВМРО-ДПМНЕ, но ќе напоменам дека групата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била пообединета како денес. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било покохезивно од денес.

Затоа, нашиот апел е да имаме постабилна Влада, бидејќи СДСМ и ДУИ сигурно ќе загубат, најдобро е луѓето да се обединат околу коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, да имаме што повеќе пратеници“, рече Милошоски.