„МИЛО СЕ РАЗВЕДУВА ПОРАДИ 23 ГОДИНИ ПОМЛАДА“ – ПОРАДИ НЕА ПУКНА АФЕРА!? Мисицата за која се шпекулираше дека ја крие бремена во Рим
Наводната љубов на Мило Ѓукановиќ со Јелена Шќепановиќ, 23 години помлада манекенка од Никшиќ, избувна во 2011 година.
Мило Ѓукановиќ беше на власт во Црна Гора повеќе од три децении, а сега поранешниот претседател е оженет и има син Блажо и две внучиња. Лидија Ѓукановиќ, неговата сопруга, стои зад својот сопруг 35 години, но малку се знае за неа во јавноста.
Сепак, иако е официјална, Лидија очигледно не била единствената жена во животот на Мило Ѓукановиќ во претходните години. Медиумите одвреме-навреме го поврзуваа Ѓукановиќ со бројни познати жени од јавниот живот на Црна Гора и Србија, од пејачката Јасна Миленковиќ Јами, до наводно огнената манекенка Јелена Шќепановиќ, пишува порталот Мондо.
Наводната љубовна врска со Јелена Шќепановиќ, 23 години помладата манекенка од Никшиќ, избувна во 2011 година, кога медиумите беа преплавени со наслови како „Мило Ѓукановиќ ја остава сопругата, сака 23 години помлада убавица“ (24sata.hr) и „Жени и часовници: Мило Ѓукановиќ се разведува поради манекенката Јелена Шќепановиќ“ (Слободна Далмација) со тврдења дека „од круговите блиски до познатиот пар може да се слушне дека и двајцата се многу заљубени“. Сознанието на медиумите го пренесоа и бројни босански, хрватски и црногорски портали.
Набрзо се појавија информации дека убавата Јелена е наводно бремена, па дури и дека чека близнаци. Поради аферата која крена голема прашина, Јелена наводно се преселила во Рим во поодмината бременост, на убедување на Ѓукановиќ, кој и отворил агенција во градот на вечноста за продажба на авионски билети. Најмоќниот човек во Црна Гора никогаш не ја коментирал оваа афера, но венчаниот кум на браќата Ѓукановиќ, Горан Ракочевиќ, тврди дека целата приказна е измислена.
„Таа зборува само за него, а тој искрено се заљуби“, наводно тогаш за медиумите изјавиле пријателите на Јелена, а тогаш се шпекулираше и дека Ѓукановиќ започнува развод поради младата манекенка.
Која е Јелена Шќепановиќ?
Инаку, Јелена Шќепановиќ во светот на високата мода влезе на шеснаесет години, со одличен пласман на натпреварот „Elite Model Look“. Живеела во Милано и Барселона, а работела за многу познати имиња од светската модна индустрија. Таа се испроба и во главната улога на популарниот фестивал „Песна на Медитеранот“ во Будва, а беше избрана и за туристичка амбасадорка на Црна Гора, добивајќи ја главната улога во туристичкото промотивно видео „Вдиши длабоко“ или „Montenegro Breathtaking“.
И покрај тоа што на многу млада возраст имала деловни ангажмани, Јелена не го запоставила своето образование. Завршила гимназија „Стојан Церовиќ“ во Никшиќ, а образованието го продолжила на Факултетот за бизнис студии каде се стекнала со звање специјалист по маркетинг менаџмент. Дипломирала со просек 9,8, а образованието го продолжила на магистерски студии по деловна психологија.
Јелена работеше за „Рокобароко“, „Александар Меквин“, „Интимисими“, „Парах“, „Левис“, „Ла Перла“, „Сваровски“, „Калзедонија“, „Карактере“, „Најк“, „Дебора“, Си е Леи“, „Шварцкопф“, „Роза Клара“, „Соматолин“ и други. За време на престојот во Црна Гора, оваа убавица неколку години беше препознатлива како заштитно лице на модниот бренд „Парадизо“.
По неколку години успешна кариера во Милано, Јелена Шќепановиќ се посвети на бизнисот. Еднаш изјави дека искуството и парите што ги стекнала во оваа европска метропола и послужиле како ветар во грбот за да се врати во Црна Гора и да започне приватен бизнис. Од 2016 година посериозно се посвети на угостителството.