Огњен и Мина уживаат во секој заеднички момент
Сопругата на Огњен Амиџиќ , Мина, сподели фотографии од кафулето, во друштво на нејзината мајка Данијела.
Според локацијата на фотографиите, изгледа дека Мина посетила приватна клиника во Нов Белград, а потоа се одмориле во блиското кафуле.
На фотографиите сите се насмеани, а Мина додаде хумористичен коментар: „Консилиум“, референца дека нејзината мајка е докторка.
- Мајка ми и мојот сопруг, едно февруарско попладне, непосредно пред да станам и самата мајка. Животот е убав – напишала под фотографијата.