Министрите од АА, Алиу, Лога и Меџити на средба со новинари

Со сосема нов формат, во пријателска атмосфера и во духот на коректна и професионална соработка, трите министри од редовите на Алијансата за Албанците, на Информатичко Општество и Администрација, Азир Алиу, на Правда, Кренар Лога и министерот за Здравство, Фатмир Меџити, одржаа брифинг со новинарите од најголемите медиуми во земјава.

Новинарите присутни на оваа неформална средба се интересираа за сите теми од трите релевантни сектори, и министрите детално одговорија со сите дополнителни појаснувања со цел поправедно и покоректно информирање на медиумите и преку нив, граѓаните.

Министрите Алиу, Лога и Меџити разговараа за досегашните проекти, плановите за наредниот период, како и за актуелните политички случувања во земјава. Министрите го истакнаа фактот дека во периодот додека Алијансата за Албанците е во Владата има докажано поинакво владеење, направи разлика на политичката сцена како и воспостави нови практики на транспарентност и инклузивност во работата на институциите.

Новинарите го оценија пристапот на функционерите на АА за мислењето, креативните форми на комуникација и подготвеноста да одговорат на која било тема и случување, и министрите се заложија дека оваа традиција ќе продолжи со стремеж да напредува со подиректни форми на комуникација.