Митева: Груби директно преку неговото министерство исплаќа пари на ЕТЦ ТРАВЕЛ на брат му Ветон Груби

Артан Груби соочен со бројните фактите за криминал, корупција и злоупотреба на позицијата почна да лаже и манипулира. Тој вчера во гостување во една емисија на национална телевизија кажа дека од неговото министерство не се исплаќани пари на фирмата на брат му. 

Артан Груби излажа кога кажа декa од неговото министерство не се исплаќани пари на фирмата ЕТЦ ТРАВЕЛ на неговиот брат, Ветон Груби.

Вистината е дека покрај исплатите кои Владата ги има кон ЕТЦ ТРАВЕЛ на Ветон Груби и Министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби, на 25.02.2022 година и исплатило 21.328 денари на фирмата. Можеби за Артан Груби 22.000 денари не се голема сума на пари, но затоа 22 милиони евра за надзорот му се значајни и важни пари.

Документот од системот “Отворени финансии” е доказ дека министерот Артан Груби директно плаќа на сметка на ЕТЦ ТРАВЕЛ на брат му Ветон Груби.

Покрај оваа исплата од Министерството за политички систем, фирмата на Ветон Груби има и други исплати во висина од над 1 милион денари од Владата во период 2020 до 2021 година.

Исплатата на буџетски пари од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците каде министер е Артан Груби кон ЕТЦ ТРАВЕЛ на братот Ветон Груби е директена корупција, злоупотреба на позицијата и судир на интереси.

Артан Груби наместо да измислува нови лаги и изговори, треба веднаш да си поднесе оставка, а институциите да отворат случај.

Ова е само врвот на сантата мраз наречена корупција на чие чело е Артан Груби, а која се гледа по смешната цена за која брат му Ветон Груби купил дуќан на улица Македонија за 700 евра по метар квадратен, а завршува со надзорот на изградбата на Коридорите 8 и 10д тежок 22 милиони евра.

Митева: Груби да си работи во неговата втора партија СДС, и да каже дали 9 пратеници не сакаат да гласаат уставни измени и дали еден пратеник од ДУИ барал пари за да гласа

Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање каков е ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на коментарот на Груби дека имаат план како да ја придобијат опозицијата да гласа за уставните измени без притоа да се користат уцени и притисоци потенцираше дека Груби не треба да работи на ВМРО-ДПМНЕ, туку да поработи на тоа дали сите пратеници од неговата втора партија СДС, се спремни да гласаат за уставни измени.

-Груби кажа дека работел на тоа цело време да се гласало за уставните измени. Порачуваме да не се мачи, од ВМРО-ДПМНЕ. Груби да поработи на тоа дали сите пратеници од неговата втора партија СДС, се спремни да гласаат за уставни измени. И еве поставуваме отворени прашања, дали тројца пратеници од првата и втората изборна единица кажале дека ако е на маса ова тие нема да гласаат, дали пак 6-мина пратеници од внатрешноста на СДС им рекле дека уставните измени, цитирам: се најлошото нешто што може оваа влада да го направи. Дали еден пратеник од ДУИ побарал пари за да гласа? Груби не треба да работи на ВМРО-ДПМНЕ, Груби треба да си поработи во својот двор, рече Митева.