МИЦОТАКИС ПРОГЛАСИ ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ: Имаме мандат да формираме силна, независна влада

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис прогласи победа на парламентарните избори, велејќи дека има мандат да формира силна, независна влада.

Прелиминарните резултати покажуваат дека најмногу гласови на изборите има конзервативната Нова демократија на Мицотакис, но и дека нема доволно мнозинство за сама да формира влада, објави Ројтерс.

Кирјакос Мицотакис

„Ливчињата кажуваат се. Покажуваат дека Нова демократија ја доби довербата на народот да владее, да биде силна и автономна. Милиони грчки граѓани гласаа за Нова демократија. Одличен резултат ја покажува волјата на луѓето кои ни дадоа согласност за политичка независна влада. Народот побара нешто друго – да се движи побрзо на патот на напредокот и големите реформи“, рече Мицотакис, според Си-Ен-Ен на грчки.

Тој оцени дека „надежта ја победи суетата, а единството ги победи поделбите“.

„Трогнат сум од тешката одговорност што ја имам на моите плеќи, одговорност за која сум повикан да работам уште повеќе за да ја оправдам довербата што ми ја дадовте. Тоа е јасен мандат за новиот четиригодишен период“, додаде Мицотакис.

Први изборни резултати во Грција: Прослава во седиштето на партијата на премиерот Мицотакис

АП наведува дека врз основа на повеќе од 60 отсто од преброените гласови, Нова демократија е прва со околу 40 отсто од гласовите, а Сириза на поранешниот премиер Алексис Ципрас со околу 20 отсто.

Кирјакос Мицотакис

Но, според новите изборни правила засновани на принципите на пропорција, за да може една партија самостојно да формира влада треба да има околу 46 проценти од гласовите, а доколку не се формира коалициска влада, на следните избори може да се одржана на крајот на јуни или почетокот на јули.