Направете сами кокосово млеко ,многу e лесно

Кокосовото млеко има бројни здравствени придобивки, освен што можете да го купите во продавница, можете и сами да го направите многу лесно.

Кокосовото млеко е направено од бел месест дел од зрел кафеав кокос и се користи во многу традиционални кујни ширум светот. Има густа конзистентност и богата, кремаста текстура и не треба да се меша со кокосова вода.

За успешно подготвување на кокосово млеко, потребен ви е моќен блендер, кесичка за цедење растителни млека, засладувач по избор, остар кујнски нож и чекан (ако користите свеж кокос).

Потребни состојки

  • месото од кокос
  • четири чаши вода

Начин на подготовка:

Пред било каква подготовка потребно е да се отвори тврдиот кокос. Откако ќе се отвори оревот, извадете го кокосовото месо и ставете го во блендер. Додадете четири чаши вода во неа и сè добро измешајте. Многу брзо ќе имате свежо кокосово млеко.

Иако е највкусен без никакви додатоци, за чоколадното кокосово млеко можете да додадете засладувач, зачини како цимет или какао. На крајот, процедете го млекото низ кесичка за пофина текстура.