Мијалков е ослободен од обвиненијата за случајот „Трезор“, во првото судење беше осуден на осум години затвор

Сашо Мијалков, Горан Грујовски и Тони Јакимовски денеска добија ослободителна пресуда за случајот „Трезор“ кој се однесува за злоупотреба на средства од државниот буџет за набавка на електронска комуникациска опрема за потребите на Петтата управа и обука за нивна употреба од фирма од Велика Британија.

Според судијката Имране Селмани, обвинетите се ослободени од обвиненијата бидејќи јавниот обвинител не докажал дека го сториле делото за кое се товарат

Според пресудата, трошоците за ова маратонско судење ќе ги плати државата.

Ова е втора пресуда за овој случај, откако Апелациониот суд во 2022 година ги прифати жалбите на обвинетите и го поништи првостепеното решение донесено во 2021 година.

Со првичната пресуда, за многу случаи „злоупотреба на службена положба и овластување“ осуден е поранешниот началник на ДБК, Сашо Мијалков, кој е осуден на осум години затвор, додека началникот на Петтата управа во МВР Горан Грујевски кому му се судеше во бегство е осуден на 15 години затвор.

Поранешниот помошник министер во МВР Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков се осудени на 5 години затвор.