„Ми недостигаш мамо“ Најтажната порака осамна на сликата на починатата водителка Бојана Јанковиќ

Веста за ненадејната смрт на водителката, која имаше само 46 години, длабоко ги потресе сите.

Безживотното тело на поранешната водителка на Пинк, Бојана Јанковиќ, беше пронајдено на 19 април во стан во Белград и беше испратено на обдукција. Бојана ненадејно почина, а имаше само 46 години.

Последната објава на Бојана на социјалните мрежи беше на Инстаграм и посветена на нејзината наследничка Зоја, која пред осум недели го прослави својот 15-ти роденден.

-Среќен роденден, прво дете на мама. 15 години најголема среќа – напиша Бојана пред неколку недели во својата објава и ја сподели сликата на нејзината ќерка.

Под оваа објава се појави трогателен коментар. Имено, како што се претпоставува, помладата ќерка на Бојана оставила проштална порака од својот приватен профил.

-Ми недостигаш мамо – пишуваше од профилот што го следеше и покојната водителка.