МКЦК соопшти дека е блокирана помошта од Дамаск

 Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) апелираше да се овозможи испорака на помош од Дамаск во северозападниот дел на земјата, која е под контрола на опозицијата.

– Се обидовме да влеземе во Идлиб преку демаркационата линија и досега, за жал, бевме блокирани, изјави Фабрицио Карбони, регионален директор на МКЦК за Блискиот и Средниот Исток.

– Значи, немам информации од прва рака за патиштата и пристапот, но подготвени сме да влеземе, но засега сме блокирани да ја преминеме линијата, се надевам дека тоа наскоро би можело да се промени, рече тој во Женева.