ХУЛИГАНИ ГО НАПАДНАЛЕ СИНОТ НА ПИРЛО: „УДИРАА НА АВТОМОБИЛОТ, ФРЛАА КАМЕЊА ПО ПРОЗОРЦИТЕ А ГО УДИРАА И ПРИЈАТЕЛОТ“

Хулиганите побегнале кога жртвите почнале да ги снимаат, а полицијата се уште трага по нив

Синот на легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло доживеа голем срам во Торино. Деветнаесет годишниот Никол и неговиот другар наводно биле нападнати од група хулигани на улица. Освен претрпениот страв, Николо се спасил неповреден, за разлика од неговиот пријател кој добил тупаница во главата.

Оштетен е автомобилот во кој двете млади момчиња барале заштита од насилници, а го демолирале четворица се уште непознати напаѓачи. Инцидентот се случил пред ресторан во Торино, а Пирло Јуниор го снимил нападот со својот мобилен телефон.

– Јас и мојот пријател бевме во автомобилот кога овие момци ни пријдоа и се обидоа да влезат. Еден пријател беше погоден бидејќи прозорецот беше спуштен, а потоа се заклучивме и не сакавме да излеземе. Удриле во автомобилот, фрлале камења по прозорците и за среќа не успеале да влезат – изјави синот на Пирло.

Хулиганите побегнале откако жртвите почнале да ги снимаат со мобилните телефони, а полицијата се уште трага по нив.