Младата Палестинка која е ослободена од израелскиот затвор била во самица, не знаела за настаните во Газа: Уапсена на 16 години (Видео)
Осум години помина зад решетки, се изненади кога и рекоа дека е слободна
Мара Бакир , млада Палестинка која Израел ја ослободи од затвор како дел од размената на заложници и затвореници, беше изненадена од овој договор, бидејќи не знаеше што се случува надвор.
Уапсена е на 16-годишна возраст бидејќи со нож нападнала граничен полицаец и била во самица додека не била пуштена на слобода.
По повеќе од осум години затвор, таа на новинарите по ослободувањето изјави дека веста за договорот е целосно изненадување за неа, бидејќи е изолирана и нема информации за ситуацијата во Газа.
– Се договорија по смртта на многу луѓе и тоа ме прави несреќна – рече таа.
Таа во петокот вечерта дошла во куќата на нејзината мајка во Беит Ханина во Ерусалим, која ја пречекала во солзи.
Откако беше договорен четиридневен прекин на огнот , Хамас ослободи 11 Тајланѓани, еден Филипинец и 13 жени и деца од Израел, а Израел ослободи 39 Палестинци (24 жени и 15 тинејџери).
Израел доби список на заложници кои Хамас треба да ги ослободи на вториот ден од прекинот на огнот, а според извештајот, на новиот список има 13 лица, а повеќе деца од вчера.