МЛАДА ПОЛИЦАЈКА СИЛУВАНА ПРЕД АЈФЕЛОВАТА КУЛА – Хорор во Париз: Напаѓачот и ставил нож на грло и таа не можела да се одбрани

Полицајка (23 г.) од Велика Британија пријавила дека била силувана во близина на Ајфеловата кула во Париз, Франција.

Девојката раскажала дека непознат маж и се заканувал со нож и дека цело време се обидувала да се одбрани. Кога побегнал повикала полиција која веднаш се погрижила за неа.

Нападот се случил околу полноќ претходниот ден.

Полицијата во текот на ноќта успеала да го пронајде и приведе осомничениот.

Француските медиуми јавуваат дека Британката во моментот на нападот била во туристичка посета на Париз.

Турист од САД, да потсетиме, беше силуван минатата година во јавен тоалет во центарот на Париз, што ја шокираше париската јавност, која сметаше дека пешачката зона покрај реката Сена е безбедна.