Младиот германски фудбалер Лука Мајкснер (22) бил пронајден мртов во кревет

Голема трагедија го погоди германскиот фудбал откако младиот фудбалер Лука Мајкснер (22) беше пронајден мртов во својот кревет.

Овој млад фудбалер настапуваше за петтолигашот ССВ Ројтлинген, со кој се избори за промоција во повисок ранг. Мајкснер беше пронајден мртов во својот кревет за време на празничниот период и паузата во германскиот фудбал.

Мајкснер стигна до првиот тим на Ројтлинген во 2021 година, откако ги помина сите младински секции на овој клуб. Тој е во Ројтлинген уште од раната младост.

Клубот со порака на социјалните мрежи се прости од младиот фудбалер, а интересно е што за смртта дознале дури во текот на викендот, иако Мајкснер беше пронајден мртов во кревет на 27 декември.

„Во текот на викендот ја добивме страшната вест дека нашиот играч Лука Мејкснер неочекувано почина во петокот, на 27 декември на 22-годишна возраст. Целото семејство на ССВ Ројтлинген е длабоко тажно и шокирано“, се вели во тажното соопштение на клубот, додавајќи :

Неговите соиграчи и сите вработени во клубот тагуваат со ожалостеното семејство на Лука и нашите мисли се со нив“, соопшти клубот на социјалните мрежи.

За време на неговата кратка кариера, Мајкснер покриваше бројни позиции на теренот, главно во средниот ред, каде што неговата примарна позиција беше централниот играч за врска. Тој забележа повеќе од 100 настапи за клубот и постигна шест гола.