МЛАД ЧОВЕК ПРОНАШОЛ КЕСА СО 125.000 ЕВРА – Неговиот гест ја воодушеви целата земја: „Сум видел секакви работи, но ова никогаш не се случило“
Хозе Нунез Романиз имал 19 години кога се соочи со тешка, можеби најтешка одлука во животот. Неговата приказна, снимена во 2020 година во Ново Мексико, повторно е актуелна и дефинитивно ја враќа вербата во луѓето. Тинејџер од Албакерки отишол на банкомат за да подигне пари за онлајн трансакција. Сакал да му купи чорапи на дедо му. Кога се приближил до машината, видел голема најлонска кеса, полна со пари.
Погледнал што има внатре и се зачудил.
-Полна со банкноти од 20 и 50 долари ! Стоев скаменет, не знаев што да правам, изјавил подоцна за медиумите
Решил да повика полиција и да го пријави случајот , а кога властите пристигнале на местото на настанот изброиле вкупно 135.000 долари ( околу 125.000 евра ).
„Ова никогаш не се случило“
– Сум видел секакви работи во изминатите 20 години, но ова е единствен случај. Мислам дека ова е најголемата сума пари што некогаш била вратена во Албакерки , изјави портпаролот на полицискиот оддел Сајмон Дробик.
Чесниот пронаоѓач рекол дека „ никогаш не му паднало на памет да ги задржи парите “. Најпрво размислувал да го заврти бројот напишан на банкоматот, но се откажал и повикал полиција.
Подоцна било утврдено дека службеникот го полнел банкоматот и заборавил кесата со пари на тротоарот .
Неговиот гест бил награден
Неколку дена подоцна, Хозе бил поканет да се сретне со градоначалникот и со началникот на полицијата, кога тој откри дека студира кривично право .
Веднаш добил покана да се приклучи на службата .