Многумина возачи овде грешат: Знаете ли кој има предност? (фото)

Доколку го полагавте теоретскиот дел од испитот за автошкола, сигурно наидовте на ова прашање. Повеќето луѓе грешат токму на ова прашање, а одговорот воопшто не е тежок.

На прикажаната слика гледаме два автомобили означени со 1 и 2, кои сакаат да се приклучат на средната лента.

Во овој случај првенство на минување има црвениот автомобил со број 2. Причината за тоа е што тој автомобил се приклучува на лентата од десната страна, а белиот со број 1 сака да се приклучи на лентата од левата страна. Правилото што важи овде е „правилото на десната страна“, според кое црвениот болид има право на првенство.