,,Многу сум болен, не можам во затвор” – Боки 13 за првпат проговори јавно по излегувањето од затвор
На рочиштето пред Апелациониот суд се појави Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, каде обвинет. Тој рече дека, иако тоа не се гледа, тој е многу болен.
Боки 13 за првпат се појави пред медиумите по излегувањето од затвор. Како што рече, изгубил 90 отсто од стомакот и сега учи да живее со тоа, а терапијата секогаш мора да ја носи со себе. Боки 13 истакна дека секоја компликација може да му го загрози животот.
„Мојата здравствена состојба, од ден на ден, со каква било компликација, може да биде опасна по живот. Ми беше дијагностицирана „интестинална метаплазија“ – желудникот и дел од тенкото црево, над 90 проценти е отстранет. Тажно е што моето здравје стана тема на разговор низ целата земја. Човек на кој му се отстранети преку 90 проценти од стомакот, имал субтотална гастректомија поради присуство на повеќе од осум чирови – цревна метаплазија, што значи преканцерозна состојба. Во моментов имам повторно чир и неколку варикозитети (крварење од желудникот) кои се опасни по живот. Со ваквата здравствена состојба не можев да бидам во затвор каде што ја издржував казната на која законски бев осуден и затоа бев пуштен на домашно лекување. Со себе носам цела терапија за да функционирам, покрај тоа што имам сериозна диета, која бара посебна храна за да функционирам“, рече Бојан Јовановски.
Да потсетиме, Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, беше уапсен во акцијата „Рекет“, а потоа осуден бидејќи наводно уценувал одредени моќни и влијателни луѓе во Македонија и од нив барал огромни суми пари.
Во 2020 година е осуден на девет години затвор во Скопје.