ФОТО | НАЈЗГОДНАТА ЖЕНА ВО СВЕТОТ ПОЗИРАШЕ ТОПЛЕС И ГИ ИЗНЕНАДИ СИТЕ – Таа е синоним за самодоверба, а поради ова сите ја сакаат

Плус-сајз моделот Ешли Греам, која според списанието Maxim е прогласена за најсекси жена на светот во 2023 година, позираше топлес и гордо го покажа своето тело.

Провокативната објава на Ешли Греам можете да ја погледнете ОВДЕ.

Инаку, Ешли Греам редовно гордо ги истакнува своите облини и како таква се здоби со светска популарност, а кариерата ја започна на само 12 години.

Таа денес соработува со светски брендови, а на социјалната мрежа Инстаграм ја следат повеќе од 20 милиони луѓе.

Ешли Греам е инспирација за многу жени ширум светот затоа што го промени начинот на кој се гледаат женските тела со истакнување на нејзините облини.

Освен тоа, манекенката често објавува свои природни фотографии без филтри и ефекти за разубавување и гордо покажува целулит и стрии.

Таа неодамна напиша и мотивациска книга наречена – „Како навистина изгледаат самодовербата, убавината и моќта“.

За потсетување, Ешли Греам неодамна привлече големо внимание на отворањето на новата локација на брендот „Swarovski“ во Њујорк. Таа тогаш се појави во проѕирен, светкав фустан, под кој носеше сива долна облека. Со тоа искомбинирала сребрени сандали и сребрен накит.

Ешли Греам
Ешли Греам