Моето бебе се роди без анус: Сè беше во ред до породувањето, потоа не можев да го разбудам и започна агонијата (фото)

Вики Томпсон останала скаменета откако сфатила дека нејзиното бебе може да умре бидејќи е родено без анус.

Вики Томпсон (36) од Западен Сасекс, била пресреќна кога го родила синот Чарли на 12 август 2022 година, но само десет часа подоцна не можела да го разбуди.

Пред породувањето, ништо не укажувало дека нешто не е во ред. И мајката и бебето биле добро.

Меѓутоа, подеталните прегледи на лекарите откриле дека бебето е родено без анус, деформитет кој се јавува многу ретко.

,,Бев скаменета, мислев дека моето дете умира. Лекарите рекоа дека се сомневаат дека бебето нема анус. Бев многу исплашена”, изјавила Вики Томпсон за Дејли Меил.

Откако потврдиле дека бебето има неперфориран анус, што значи дека е тесен или воопшто не постои, Чарли бил префрлен на одделот за неонатална интензивна нега, по што му била отстранета содржината на стомакот.

Потоа бил префрлен во болница во Брајтон, каде му била поставена стома преку која му биле испразнети цревата.

Чарли помина три дена на интензивна нега по тешката операција, од кои два дена беше во кома, а по седум дена беше пуштен дома.

,,Бев преплашена да не го изгубам. Мораа да го поврзат со апарати и мислев дека ќе умре, помислив на најлошото”, рекла мајката на Чарли и додала.

,,Да се ​​стане мајка за првпат е тешко само по себе, а камоли ако имаш новороденче кое се раѓа со некаков проблем. Беше исклучително стресно и се чувствував осамено затоа што луѓето околу мене се плашеа да се справат со стомата, па морав да правам сè самa”, рекла таа.

„Пријателите и семејството се плашеа да му ја сменат стомата да не направат нешто погрешно и да предизвикаат инфекција. Не можеа да се справат со тој ризик. Беше исклучително тешко“, заклучи таа.