Марија Шерифовиќ ја расплака естрадата: Социјалните мрежи се преплавени со ликот и делото на пејачката, а со едно сите се согласуваат (фото)

Марија Шерифовиќ после девет години објави албум кој ја потресе балканската музичка сцена. Откако песните беа објавени на музичките платформи, објавите на јавните личности на социјалните мрежи беа преплавени со гласот и стасот на пејачката.

Меѓу првите зборуваше Александра Пријовиќ, а по неа Сања Вучиќ, Снежана Ѓуришиќ, Марија Микиќ, Илда Шаулиќ и многу други.

Сите се согласија за едно, а тоа е дека кога Марија пее, сè друго е небитно.

,,Доста плачев, сега сте вие на ред“, „Вака се прави Маро, солзите сами течат“, „Одвоив време да го слушам ова, ме разнесе на парчиња“, „Ми се отворија синусите од плачење“ и многу други коментари кои зборуваа за емоциите и невообичаениот глас на Марија.

Да потсетиме, во овој проект се појавија досега невидени фотографии на пејачката од нејзиното детство, на кои ја гледаме со нејзината мајка Верица и таткото Рајко. Уште во најраното детство, Марија беше јасно предодредена за голема музичка кариера, бидејќи семејните албуми се полни со слики на малата Марија со хармоника, тапани и микрофон.