“МОЖАМ ДА СТАВАМ КРАЈ НА ВОЈНАТА ЗА ЕДЕН ДЕН!“ – Доналд Трамп открива што би му кажал на Володимир Зеленски доколку повторно биде претседател на САД

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, зборувајќи за тоа како ќе стави крај на војната во Украина доколку биде повторно избран за претседател на државата, кажа дека има намера да му каже „доста е“ на Володимир Зеленски.

Тој на Володимир Зеленски би му рекол: „Доста е, мора да се договорите“, изјави тој во интервју за Fox News.

Доналд Трамп истакна дека има „многу добри односи“ и со Володимир Зеленски и со рускиот претседател Владимир Путин и дека може да да ја прекине војната во рок од еден ден.

Поранешниот претседател на САД додал дека ќе го предупреди Владимир Путин за подготвеноста на САД да и пружат уште поголема помош на Украина доколку Кремљ не е подготвен да ја прекине т.н. специјална воена операција.