ФОТО | Бред Пит го ‘украде’ шоуто на Вимблдон! Познатиот актер го привлече вниманието на сите поради овој потег – погледнете!

Финалниот натпревар на Вимблдон меѓу српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Карлос Алкараз во живо го следеа голем број познати личности.

Меѓу познатите кои беа дел од трибините се легендарниот фудбалер Дејвид Бекам и познатиот холивудски актер Бред Пит, кој беше толку фокусиран од она што се случуваше на теренот и неговото лице беше смртно сериозно, што многумина го коментираат.

Бред Пит, Вимблдон
Бред Пит

Дејвид Бекам пред неколку дена се фотографираше со Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, па се претпоставува дека поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид навивал за Србинот кој загуби во финалето.

Бред Пит одамна е познат како голем љубител на тенисот, чест гостин на бројни турнири и редовен посетител на УС Опен.

На трибините беа присутни и британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт, како и тениските легенди Били Џин Кинг и Стефан Едберг, како и многу други познати личности.

Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз
Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз

Претходните денови многу познати личности и членови на кралското семејство го привлекуваа вниманието на новинарите и светската јавност на трибините, а особено интересна беше кралицата Камила која ги насмеа луѓето ширум светот со своите урнебесни гримаси.