Можни штети кај расцветаните кајсии, сливи и бадеми од ниските утрински температури

Разладувањето на атмосферата минатата недела со пониски утрински температури, како и со врнежи од дожд и снег на повисоките места, го успори или одржа на исто ниво пролетното будење на овошките. Тоа, според агрометеоролозите, е добро во овој период од годината.

Во повисоките региони каде вегетацијата не е почната, добро е што овошките ќе се задржат подолго време во мирување кое, колку подолго се одржува, толку се поголеми шансите да има поуспешна реколта.

-Ако ниските минимални утрински температури паднат под -5 степени, може да предизвикаат штети во регионите каде се веќе расцветани бадемот, сливата и раните сорти кајсии. Тие температуи се всушност пониски од издржливоста на овошките во оваа фаза. Појавата и јачината на мразот, пак, не е секаде еднаква, многу зависи од позицијата на теренот и конфигурацијата на земјиштето, објаснуваат агрометеоролозите.