– Во просториите на Македонскиот олимписки комитет (МОК) денес се одржа редовна седница на Управниот одбор каде покрај другото, на членовите на Управниот одбор им се презентираше планот за отпочнување на двата проекти „Златен олимписки денар“ и операционализација на проектот „Платежна картичка“.
-Од овие проекти најголем бенефит ќе имаат македонските спортисти, велат од МОК.
Беа презентирани извештаите за веќе изминатите Медитерански Игри, Оран 2022 и Европскиот Зимски Младински Олимписки Фестивал 2023. Членовите имаа можност да се запознаат со тековните подготовки за Европските игри во Краков, Полска, како и за сите проекти на кои моментално работи МОК.
Сите точки од дневниот ред беа едногласно усвоени од присутните на редовната седница на Управниот одбор.